Џонсон во последниот телефонски разговор како премиер се прости со блискиот пријател Зеленски
Борис Џонсон им оддаде почит на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на украинскиот народ во неговиот последен телефонски разговор како британски премиер, велејќи дека можат и ќе ја победат Русија и вети дека ќе останат во контакт како пријатели.
„Премиерот разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да му се заблагодари за неговото лидерство и пријателство. Премиерот јасно стави до знаење дека верува оти претседателот Зеленски и неговиот народ можат и ќе ја добијат војната во Украина“, соопштија од Даунинг стрит.
„Премиерот му рече на претседателот Зеленски дека е привилегија да се работи со него и дека силно го поддржува, а двајцата лидери се согласија да останат во контакт како блиски пријатели“, додаде портпаролот.
Џонсон утре официјално ќе поднесе оставка од премиерската функција, а на негово место ќе дојде досегашната министерката за надворешни работи Лиз Трас.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ердоган: Турција е единствената што може директно…
Турција е единствената што може директно да…
Зеленски ќе се сретне со Трамп за…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, потврди дека…
Зеленски: Нè очекуваат уште две тешки офанзиви
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за…
Зеленски: Украина очекува фонд од 2,9 милијарди…
Финансискиот аранжман познат како Листа на приоритетни…
Зеленски до Трамп: Покажете јасен став и…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика Доналд…