СДСМ: Мицкоски го поддржа договорот на средба со Борисов – Референдум против ЕУ нема да успее

t

Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ, откако вечерва лидерот на најголемата опозициска партија соопшти дека партијата ќе собира потписи за задолжителен референдум за поништување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија.

– Граѓаните се за напредок, за членство во ЕУ. Таа стратешка цел на државата поставена уште од независноста, тој сон на многу генерации сме на чекор да го оствариме.

Започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет. Европскиот процес до полноправно членство сите политички партии кои и мислат добро на државата, на граѓаните го поддржуваат.

Само Мицкоски и неговиот проруски партнер Апасиев се против ЕУ.

Иницијативата за Референдум е лична одлука на Христијан Мицкоски за спас на сопствената фотелја во ВМРО-ДПМНЕ.
Откако пропаднаа сите негови лаги за бугаризација и асимилација, откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ побегнаа и не гласаа против во Собранието. Сега Мицкоски сака одговорноста за неговите неуспеси да паднат врз неговите членови.

На погрешен начин Мицкоски бара спас за својата фотелја, со нови обиди да ја закочи државата и да го блокира членството во ЕУ.
Референдум против ЕУ, против македонски јазик во Унијата, нема поддршка од граѓаните и нема да успее.

Иницијатива против ЕУ нема поддршка ниту од опозициските партии, а поделени ставови има и во самата ВМРО-ДПМНЕ каде што јакне проевропското крило, кое не мисли исто како Мицкоски и сака да го поддржи европскиот пат на земјата.Особено што Мицкоски не е искрен и ги лаже своите членови, исто како што ги лаже и грѓаните.

Потврда е неговата изјава на средба со поранешниот премиер, Бојко Борисов каде јавно го поддржа Договорот за добрососедство со Бугарија.

Државата нема да застане, Мицкоски не може да ја закочи. Враќање назад или остапување од европскиот пат нема да има. СДСМ, заедно со граѓаните и сите проевропски партии тоа нема да го дозволат, велат од СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Платформата е поврзана со власта, ѝ…

СДСМ остро реагираше на денешното јавно претставување…

Платформата “12.05“ подготвува опозициски фронт со СДСМ…

За да се победи актуелната власт потребно…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче…

Пензионерите денес имаат конкретени резултати кои што…

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си ги мерат „АРМИИТЕ“…

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ денес повторно…

ВМРО-ДПМНЕ: На Филипче му смета секој успех…

Филипче денес се најде да зборува за…