Џолев: Ама вие ме д*пите мене даскале?!
Фејсбук статус на Јосиф Џолев:
– Добар ден даскале.
– Еве правам некои пресметки, кажи.
– Доаѓаме на власт наскоро, сите анкети така велат.
– Да да, сакале нејќеле ќе мора да дојдеме на власт.
– Ќе си лежат!!
– Кои ќе лежат?, Викаш? А!?, ваљда не мора да се оди до таму.
– Ќе ја поништиме таа тоалетната хартија со бугарија уште прв ден!!
– Ха!, еех кога би можеле одма..
– Можеме даскале можеме, со 61 глас во парламент АШ тоалетна хартија, ха ха..
– Што збориш бе, нееема шанси!?
– Да да, нема потреба од пенавење и расправање со нашиот сосед, ниту пак разговор со овие сега за промена на Устав.
– Што збориш бе!?, па ако е таква работата тогаш мора референдум!
– Ама даскале, тоа ви велам, нема потреба!!, зашто кога сме веќе на власт и имаме право и моќ да го поништиме за 5 минути со едноставно гласање во Собрание, зашто ние да губиме и време на народот и доверба во народот!?
– Не не, референдум сега!!
– Ама даскале,.. СЕГА!?, нема никаква логика тоа даскале!?
– Да да, мора сега, пред изборите и пред да има гласање за промена на Устав.
– Ама даскале,.. аман,.. не разбирам!?, навистина нема логика зашто сега кога сега едноставно немаат 80 пратеници за промена на Устав, а од друга страна кога ќе дојдеме ние на нас ни требаат само 61 и ќе имаме прилика уште прв ден да ја средиме работата!?
– Утре објавуваме во Службен весник, референдум итно!,… биди тука, само да се јавам до едно место..
– Ама,… ок, тука сум.. ништо не разбирам.
(15 мин подоцна)
– Да, како што кажав, референдум што побрзо, ајде земи пенкало да го пишеш прашањето и одма трк во Службен весник.
– Ама,…
– Пиши вака, “Дали сте за напуштање на важноста на Законот за ратификација за Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија, објавен во Службен весник бр 12/2018 од 18.01.2018?” .. Напиша?
– Да,.. што е ова?
– Прашањето.
– Кое прашање?
– За на референдум бре будало, ајде трчај во Службен.
– Ама јас не разбирам!?,… не го разбирам ни прашањето!?,.. што е ова??,… ама вие ме зезате нешто даскале, така??, шегаџија сте биле отсекогаш даскале, ха ха..
– Нема време за шеги, треба да се одговори на ова прашање, македонскиот народ мора да одлучи!!
– Ама нема потреба, ви кажав.. плус што е ова прашање, гласаме со ЗА и ПРОТИВ за да НАПУШТИМЕ ВАЖНОСТ!?, не разбирам!?…
– Македонскиот народ е многу интелегентен народ, тој го разбира ова прашање, ова е тоа прашање што го мачи секој Македонец!!
– Ама вие мене ме дупите даскале,.. да одам во Службен весник за референдумско прашање кое ќе биде за да се напушти некаква си важност објавена во Службен весник, од се на светов, ние за ова ќе имаме референдум и некој ќе треба да одговори на ова!?, некои ќе дебатираат за ова!?, цела зима, наместо да бараме решение и да се соочиме со кризата што надоаѓа, ние ќе одиме по емисии и ОВА!?… нема потреба даскалее!!
– Ајде ајде, немаме време.
– Ама даскале ова на народот ќе му личи како ИЛИ да сакате да им дадете на овие сега наши пратеници за промена на Уставот, па македонскиот народ да ви е алиби ИЛИ кога ќе дојдеме ние на власт, после неуспех на нешто вакво што личи на се само не на прашање, да не се замараме со тоа што го сторија овие претходниве на нашата мила Македонија, а вие повторно го имате народот за алиби!?
– Ајде ајде, трк во Службен, нема Македонец толку мозок да помисли на тоа,.. така ми кажаа,.. ајде сега трчај!!
– Ама кој така ви кажа даскале..
– Носете го! (кон 2 свињи)
– Кооој даскале, коооооооој ви кажа такаааааа…..
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…