Каша попара: Директорот на Шкупи поднесе оставка – без да знае му го донеле Младеновски!
Продолжуваат проблемите во редовите на македонскиот фудбалски шампион Шкупи. Само една недела по раскинувањето на соработката со тренерот Гоце Седлоски, денеска од Чаир доаѓа веста дека клубот го напуштил и долгогодишниот спортски директор Омер Буњаку.
Според шпекулациите, Буњаку си заминал од тимот, бидејќи бил разочаран што клубот решил денеска да го ангажира Марио Младеновски без негово знаење. Буњаку беше назначен за спортски директор во 2018 година, а претходно беше лидер на навивачката група „Шверцери“.
Шкупи сезонава лошо ја отвори сезоната во домашното првенство со две победи, едно реми и еден пораз. Чаирчани не се прославија ниту на меѓународната сцена, каде летово одиграа осум натпревари, а победија само еднаш и тоа против Линколн. Тимот имаше голема шанса да обезбеди пласман во групната фаза во Конференциската лига, но во плејофот Шкупи беше два пати поразен од косовскиот тим Балкани.
Треба да се напомене дека по заминувањето на тренерот Седлоски, Чаир го напушти и еден од најдобрите играчи Фаустин Сењор, како и Антонио Каланоски.
Очигледно е дека во таборот на „сино-белите“ има доста проблеми, бидејќи клубот и натаму официјално нема назначено нов тренер.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопската полиција удри по мотоциклистите: 262 казнети,…
Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во…
Најмалку 15 загинати и 130 повредени: руски…
Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се…
„Обвинителството го спаси Филипче за модуларните болници,…
ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон Обвинителството…
Возовите ќе возат до 50 километри на…
Регионалниот центар за управување со кризи –…
За влез во Грција, утрово се чека…
АМСМ инфoрмира дека утрово сообраќајот на државните…