Владата ќе испраќа македонски војници во борбената група на НАТО во Бугарија и во Ром
На предлог на Министерството за одбрана, по презентирање информации за потребата од испраќање на припадници на Армијата за учество во борбената група на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија, Владата донесе одделни одлуки за испраќање на армиски единици во двете земји.
Задача на борбената група на НАТО е, како дел од зголемените активности за будност на НАТО (NATO enhanced Vigilance Activities – NATO eVA), да ја засили одбраната за источните граници на НАТО во Република Бугарија и во Република Романија – информираат од Владата.
Оттаму велат дека реализацијата на активностите го зајакнува партнерството и соработката помеѓу Македонија и останатите сојузници во рамките на НАТО и истовремено влијае и на проширувањето на билатералната соработка на Македонија со Бугарија, со Романија, со САД, како и останатите сојузници и останатите нации, што ќе придонесуваат во борбената група со персонал и опрема.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СЕМЕЈНА ДРАМА ВО ТЕТОВО! Побарал пари од…
Триесет и шестгодишен жител на Тетово бил…
Утре до 23 степени, од четврток промена…
Времето утре ќе биде сончево со мала…
Прозападната опозиција во Чешка победи во вториот…
Прозападните опозициски партии постигна голема победа во…
Алигатор долг 3,6 метри усмрти 71-годишен маж…
Седумдесет и едногодишниот Стив Хамилтон загинал во…
Ел Сиси: Египет ќе ја брани Саудиска…
Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси изјави…