Големо засилување за Вардар: Потпиша Кире Маркоски!
Во последниот ден од фудбалскиот преоден рок во Македонија, најтрофејниот успеа да обезбеди потпис на уште едно супер добро и проверено фудбалско име. Се работи за крилниот напаѓач Кире Маркоски.
Вардар оваа сезона нема никакви изговори. Навивачите чекаат прво место и враќање онаму каде што и припаѓа ,,црвено – црниот” тим, во Првата фудбалска лига на Македонија и на меѓународна сцена.
Кире Маркоски е новото засилување на Вардар, потпишувајќи едногодишен договор со нашиот клуб. 27 годишниот напаѓач има 5 настапи и 1 постигнат гол за најдобрата репрезетација на Македонија, 6 голови на 16 нстапи за младата репрезентација, вклучувајќи ги и настапите на Европското првенство вo 2017-та.
Има над 150 настапи во првата фудбалска лига на Македонија, освоена една титула и два купа. Како интернационалец има настапи во Аел Лимасол на Кипар, и Спартак Трнава каде го освојува купот на Словачка во 2019-та, велат од ФК Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопската полиција удри по мотоциклистите: 262 казнети,…
Скопската полиција синоќа санкционирала 262 возачи во…
Најмалку 15 загинати и 130 повредени: руски…
Најмалку 15 лица загинаа, а 130 се…
„Обвинителството го спаси Филипче за модуларните болници,…
ВМРО-ДПМНЕ излезе со остри обвинувања кон Обвинителството…
Возовите ќе возат до 50 километри на…
Регионалниот центар за управување со кризи –…
За влез во Грција, утрово се чека…
АМСМ инфoрмира дека утрово сообраќајот на државните…