Украина ја запира работата на нуклеарната централа “Запорожје”

t

Украина ја разгледува можноста за затворање на нуклеарната централа во Запорожје, која е под контрола на руската војска, пренесува Ројтерс.

Украинскиот експерт за нуклеарна безбедност Олег Кориков во видео обраќање изјави дека се размислува за исклучување на нуклеарната централа од безбедносни причини.

Тој додаде дека се загрижени за резервите на дизел што се користат за помошни генератори во таа нуклеарна централа.

Минатата недела делегација на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија (МААЕ) ја посети нуклеарната централа во Запорожје, која изрази загриженост за ситуацијата на теренот и апелираше до двете страни да се воздржат од гранатирање на нуклеарната централа, бидејќи тоа може да има фатални последици .

Во својот извештај за Украина, агенцијата наведува дека има итна потреба да се воведат привремени мерки за да се спречи нуклеарна несреќа што би настанала од физичко оштетување на нуклеарната централа Запорожје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп изјави дека Украина мора да сака…

Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…

Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…

Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…

Кличко: Украина никогаш нема да се предаде

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…

Венс: Украина не треба да биде членка…

Украина не треба да биде членка на…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…