Шолц ги отфрли барањата на Полска за воени репарации

t

Германскиот канцелар Олаф Шолц ги отфрли полските барања за исплата на штета што Германија ѝ ја предизвикала на земјата за време на Втората светска војна.

– Како и сите влади пред мене можам да потсетам дека прашањето за воените репарации е дефинитивно решено според меѓународното право, изјави тој во интервју за Франкфуртер алгемајне цајтунг.

Лидерот на владејачките полски конзервативци, Јарослав Качински неодамна најави дека Полска официјално ќе поднесе барање Германија да ѝ плати отштета за жртви, материјална штета и злосторства на окупаторските власти за време на Втората светска војна во вредност од 1,32 милијарди долари.

– Се донесе одлука официјално да се бара репарација од Германија, да добиеме отштета за сè што Германија или германскиот народ ѝ го направи на Полска од 1939 до 1945 година. Во меѓународните односи работите се такви што, доколку една држава ѝ нанесе голема штета на друга, по воениот пораз мора да се пресмета. Нема никаква причина Полска да биде исклучена од овој принцип, нагласи Качински.

Тој предупреди нема нема да биде ниту малку лесно да се дојде до репарација од Германија и оти тоа може да трае долго. Но, Качински изрази надеж дека ќе се заинтересираат и други држави. Израел конкретно, затоа што Полска бара отштета и за смртта на 5,2 милиони свои државјани, меѓу кои мнозинството Евреи.

Германија наведува дека прашањето за воена отштета за Полска е правно затворено, затоа што самата земја го затворила двапати. Со билатералниот договор за признавање на воените граници на Одра и Ниса од 1970 година и за време на преговорите за обединување на двете Германии, 1990 година, кога Варшава не го постави прашањето за отштета, иако веќе беше независна од Москва. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шефот на рускиот „Роснефт“ вели дека ОПЕК+…

Групата ОПЕК+, составена од водечки светски производители…

Левица: Политички реваншизам на штета на децата,…

Политичката партија Левица реагираше на продолженото одложување,…

Операцијата „Полноќен чекан“ беше успешна, соопшти Пентагон

Високи американски функционери одржаа прес-конференција во Пентагон…

Иранската хакерска група „Homeland Justice“ ѝ се…

Во екот на ескалацијата меѓу Иран и…

Драма во Лазарополе: Баран криминалец фрлал предмети…

На 21.06.2025 во 21.30 часот во Полициското…