Директорот на “Дојче банк” предупредува: На Германија ѝ е судена рецесија

t

Извршниот директор на Дојче банк, Кристијан Свинг, вели дека Германија е „предодредена за рецесија“ поради растот на цените на енергијата, пишува Телеграф.

Германецот ги истакна и економските ризици предизвикани од недостигот на гас во Европа.

– Цените на енергијата ќе останат високи уште некое време, создавајќи закана за нашата економија – изјави шефот на најголемата германска банка вчера на конференцијата Handelsblatt во Франкфурт. 

Високите цени и тесните грла на понудата значат дека повеќе нема да можеме да спречиме рецесија во Германија“, додаде тој.

Потсетуваме дека кризата предизвикана од руската инвазија на Украина достигна нов врв кога Гаспром пред речиси седум дена објави дека го прекинува протокот на гас преку Северен тек 1 на неодреден период.

Оттогаш, ЕУ направи дополнителни напори за изнаоѓање алтернативни решенија за да спречи енергетската криза да се претвори во економски колапс. Норвешка би можела да биде „слама на спасот“, но прашање е во која мера, пренесува Телеграф.

Министрите за енергетика се подготвуваат за вонреден состанок во Брисел утре, 9 септември.

Инаку, Сјунг уште порано изјави дека целосниот прекин на испораката на рускиот гас ќе ја доведе Германија во рецесија. Неколку кредитори, вклучително и Commerzbank AG, рекоа дека ќе мора да ги зголемат кредитните резерви според ова ново сценарио, иако очекуваат владината поддршка да го ублажи ударот.

Како што беше објавено пред неколку дена, Германија одобри пакет помош во вредност од дури 65 милијарди долари, но аналитичарите велат дека ниту тој нема да биде доволен за да се спречи рецесија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Системот на дуално образование во Германија сè…

Во потрага по решение за високите нивоа…

Полска не се откажува од барањето за…

Шефот на полската дипломатија Радослав Шикорски во…

Жител на Тетово остана и без 21.000…

СВР Тетово информира дека жител на тетовскиот…

Бербок: Германија не може да прифати Кина…

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска…

Зеленски удри по Шолц: Не ни дава…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски остро го критикуваше…