Благодарение на пратениците на СДСМ денес сме членка на НАТО, вели Ковачевски

t

Парламентарната група на СДСМ ќе постапи достоинствено и државнички како и во изминатите 31 година во државата, парламентарната група на СДСМ заедно со коалиционите партнери е таа која што ги донела сите значајни, веќе кажав тешки, но далекугледи одлуки за државата“. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на своето денешно обраќање.

Тој додаде дека благодарение на пратениците на СДСМ и коалиционите партнери, како што кажа, сме членка на НАТО.

„Благодарение на пратеничката група на СДСМ и на коалиционите партнери ние денес сме членка на НАТО и благодарение на парламентарната група на СДСМ и коалиционите партнери ние денес имаме опточнати преговори со ЕУ, со веќе дефинирана преговарачка структура и со првиот состанок веќе одржана на 19-ти и со деталните состаноци кои што започнуваат на 15 септември, односно за 6 дена од денес.
Така ќе постапат и при било кое гласање во парламентот, за разлика од други пратенички групи кои што никогаш не поддржале ниту една стратешка одлука на државата и тоа што не поддржале ниту една стратешка одлука на државата не им дава за право да бараат донесување на одлуки кои што ќе го закочат патот на државата кон ЕУ, затоа зошто сега при отпочнати преговори колку брзо ќе се движиме зависи од сите нас, така ќе се однесува пратеничката група на СДСМ, значи како и до сега државнички, во интерес на граѓаните“, изјави Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Добро е што Кузеска признава дека…

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на Богданка Кузеска,…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Итна оставка од Филипче, вонреден конгрес и…

Манасиевски: Го повикуваме ЈО да постапи по…

Венко Филипче на вчерашната прес-конференција откри и…

„Разговори за иднината во 12:05“ со реакција…

Организаторите на платформата „Разговори за иднината во…

Петрушевски: Дали Филипче е пред договор за…

Венко Филипче, кој е познат како личност…