Кадиров ги жали Украинците: Не разбираат дека Западот ги искористува
Украинските сили претрпеа големи загуби додека извршуваа самоубиствени контраофанзиви, објави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров на Телеграм.
Нашите борци заедно со сојузничките сили ја продолжуваат офанзивата по линиите Соледар, Јаковлевка и Северск. Уништени се голем број непријателски персонал и опрема“, изјави Кадиров на Телеграм, пренесува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.
Повикувајќи се на зборовите на секретарот на Советот за безбедност на Чеченија, Апт Алаудинов, кој е и командант на специјалната единица Ахмат, Кадиров вели дека украинската команда испраќа одреди војници во „речиси самоубиствени“ мисии.
Кадиров напиша дека украинските војници непромислено ги напаѓаат нивните позиции и дека тоа се повторува „четврт ден“.
„Го почитувам украинскиот народ и жал ми е што некои Украинци, не разбирајќи ја суштината на она што се случува, дозволуваат да бидат експлоатирани од Западот. Ако продолжи, тоа ќе доведе до неповратни последици за Украинците“, напиша Кадиров на Телеграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Русија и Украина повторно разменија заробеници
Нова група руски војници е вратена од…
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…
Канада објави нов пакет одбранбена помош за…
Путин да се фокусира на мирот во…
Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани…