Џафери нема да дозволи референдум?!

t

Иако се доволни само 100, ВМРО ДПМНЕ во Собранието поднесоа 650 потписи за референдум, за кои тврдат дека ги собрале за половина час. На потег е претседателот на Собранието, кој треба да утврди дали иницијативата е уредна.

На иницијативата стои името Република Македонија, но Мицевски смета дека тоа не треба да биде причина за отфрлање, затоа што во моментот на потпишувањето на Договорот со Бугарија, тоа било официјалното име на државата.

Доколку иницијативата, сепак биде прогласена за неуредна, за неа треба да се произнесат пратениците на пленарна седница.

Во таков случај, координаторот на пратеничката група се надева на свеста на колегите од владејачкото мнозинство,особено на тие кои не го поддржаа францускиот предлог. Но, мнозинството пратеници остануваат на ставот дека референдум не треба да има.

СДСМ ќе чекаат да видат дали ќе помине иницијативата во Собранието, а потоа ќе се изјаснат дали ќе повикаат на бојкот или ќе гласаат против.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Ибраимоски: Ќе барам посебни седници за…

Како пратеник ќе барам посебни седници на…

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…