Владата ја ограничи маржата на трговците за струја
Државата ја ограничи маржата за трговците со струја на 10%, а ќе се намали и онаа на крајниот снабдувач од 50 на 20 отсто. Со вакват мерка, според министерот за економија Бектеши ќе им се помогне на големи компании кои се на слободниот пазарм, но и на јавните институции кои не склучиле договори со снабдувачите на струја и истите сега плаќаат огромни сметки.
Државата ќе им помага на компаниите кои не склучиле договор за снабдување со струја. Наместо пазарната цена од ХУПЕКС плус 50% маржа, ќе ја плаќаат пазарната цена зголемена за 20%. Големите компаниите, меѓу кои и 500 јавни институции, школи, градинки, кои немаат договори со трговците за снабдување со електрична енергија, сега плаќаат енормно високи сметки. Во нив спаѓаат сите рудници, Фени, Максил, сите казина, аптеки, 90% од супермаркетите и сите банки. Но предлогот на министерот за економија е да не се поддржат сите, туку само оние кои произведуваат за извоз
За фирмите пак, кои се на слободниот пазар и со струја ги снабдуваат трговците, за да им се намалат сметките, владата им ги ограничи маржите. Наместо 12, 15 или 18%, трговците со струја ќе наплаќаат 10% маржа.
– Трговците и лиценцираните снабдувачи не можат со новата одлука да применуваат поголеми маржи од 10 отсто. Ако денешната цена на берзата е 400 евра мегаватчас, трговците не може да применуваат повисока цена од 440 евра, додаде Бектеши.
Инаку, државата е во преговори и со соседните земји Србија, Бугарија и Албанија да не се ограничува извозот на струја, како што неколкупати направи Бугарија. Со Белгард се договара тие преку Бугарија да ни дадат гас, ние нив струја. Во прсрет на претстојната зима, за да нема недостиг на електрична енргија, Бектеши очекува целосно да бидат ставени во функкција сите енерегстки капацитети.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…