Левица поднесе иницијатива за поништување на основачките акти на бугарскиот клуб “Ванчо Михајлов” до Уставниот суд

t

Левица на Фејсбук објави дека е поднесена иницијатива за поништување на основачките акти на бугарскиот културен клуб “Ванчо Михајлов” во Битола.

Во продолжение нивната објава:

ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВНИОТ СУД ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА ОСНОВАЧКИТЕ АКТИ НА ФАШИСТИЧКИОТ ЦЕНТАР „ВАНЧО МИХАЈЛОВ”

Левица ги користи сите правни механизми за забрана на понатамошната работа на неофашистичките клубови, кои непречено од пробугарските СДС и ДУИ продолжуваат да шират иредентистичка пропаганда и да промовираат фашистичка идеологија, спротивно на Уставот, темелните уставни вредности и законот!

🔻До Уставниот суд на Република Македонија, како орган надлежен за оценување на уставноста на статутите и програмите на здруженијата на граѓани, Левица поднесе Иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Статутот и Програмата на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, повикувајќи се на член 110 и член 112 од Уставот.

Во Статутот и Програмата на Здружението се наведува дека мисијата и целта на Здружението е промоција на животот, идеологијата, рехабилитирање и осветлување на ликот и делото на Иван (Ванчо) Михајлов.

⚠️️Со ваквите програмски цели и мисија, дејствувањето на Здружението е насочено кон насилно уривање на уставниот поредок на Република Македонија и разгорување на национална омраза и нетрпеливост, но и кон негирање на слободното изразување на националната припадност на македонскиот народ.

Ова од причина што ноторен историски факт е дека според идеологијата на Иван Михајлов, македонската нација и јазик не постојат.

‼️Имајќи предвид дека Македонија е конституирана како национална држава на македонскиот народ, секоја форма на здружување и изразување насочени кон негирање на посебноста на македонската нација се директна иредентистичка закана за суверенитет и територијалниот интегритет на Републиката, па оттука неопходна општествена потреба и уставна обврска е истите да се забранат!

Очекуваме Уставниот суд да ја прифати иницијативата и да поведе постапка за оцена на уставноста и законитоста на оспорените акти, во која ќе донесе мериторна одлука со која ќе ги ПОНИШТИ основачките акти на Здружението „Културен Центар Иван Михајлов“ – Битола, како спротивни на Уставот.

#ЛевицаВоПарламент

ЛИНК од објавата на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мециновиќ: Ребалансот на Буџетот е рај…

Владата прави ребаланс на буџет по мерка…

Пратениците од Левица бараат широка јавна расправа…

Пратениците на Левица најавуваат дека ќе побараат…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

Доколку не сака да заврши како СДСМ,…

(Видео) Левица ги подбра ЕВН: За влакно…

Во попладневните часови поради дефект на далекувод…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…