Трагедија: Четири момчиња загинаа во страшна сообраќајна несреќа кај Ужице
Четири лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава околу пет часот во близина на Ужице, пренесе Бета повикувајќи се на Блиц.
Сите жртви загинале во џип БМВ со словенечки регистарски таблички, кој се превртел на патот Ужице – Златибор кај каменоломот Сурдук, на неколку километри од Ужице.
Тројца млади мажи починале на лице место, додека четвртиот со тешки повреди е префрлен во Општата болница во Ужице, каде по кратко време починал.
Идентификувани се загинатите В.М. (27) кој управувал со возилото, С.Џ (21) и У.Д. (22), додека четвртата жртва се уште не е официјално идентификувана.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…