Тешка сообраќајна несреќа во Скопје: Шест лица се повредени
Рано утрово во 04.35 часот било пријавено дека во Скопје нa ул.„Беласица”, пред крстосницата со бул.„Гоце Делчев” се случила сообраќајна несреќа помеѓу две патнички возила „фолксваген пасат”, двете со скопски регистарски ознаки, едното управувано од Д.М.(37) од Скопје, а другото управувано од Н.Ѓ.(39) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во второто возило А.С.(48) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, а со телесни повреди се здобиле двајцата возачи како и сопатниците од двете возила С.В.С.(47), А.Д.(36) и С.Т.(24), сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” и Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен e возачот по трагедијата во која…
Полицијата го уапси возачот на автомобилот по…
Камионот што ја предизвика тешката сообраќајна несреќа…
Товарното моторно возило со косовски регистарски таблички…
(Фото) Слета во бездна длабока 150 метри,…
Возачот кој утрово со својот автомобил слета…
Пронајден е возачот што удри две лица…
Денеска (16.05.2026) полициски службеници од Единицата за…
Тројцата загинати работници веројатно се од Непал…
Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на…