Објавено на:

Источна Украина во мрак: Нападнати областите околу Харков

t

Руските сили синоќа ги нападнале инфраструктурните објекти во централна и источна Украина како одговор на драматичната украинска контраофанзива во провинцијата Харков, која даде една нова динамика на војната, пишува Гардијан.

Градоначалникот на градот Харков, Ихор Терехов, рече дека по нападите, поголемиот дел од градот останал без струја и вода, што го опиша како чин на „одмазда“ на Русија за неодамнешните успеси на Украина на бојното поле. Имаше извештаи за прекин на струја во Днипро, Полтава и други источни градови, што потенцијално ќе погоди милиони цивили.

Володимир Зеленски ги обвини „руските терористи“ за прекините на струја. „Нема нападнати воени објекти“, рече украинскиот претседател во изјавата на социјалните мрежи. „Целта е да се лишат луѓето од светлина и топлина“.

Синоќа на апликацијата Телеграм тој напиша дека Кремљ нема да успее да го разбие украинскиот народ и се појави да му се обрати на руското раководство, прашувајќи: „Дали сè уште мислите дека ние сме „еден народ“? Сè уште мислите дека можете да не исплашите, да не скршите, да не натерате да правиме отстапки? Навистина ништо не разбравте?“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…