(Фото) Првата посета на Чарлс Трети на Македонија: Се сликше со играорци во Охрид
Во далечната 1998 година Кралот Чарлс Трети, но како Принц од Велс, престојуваше во дводневна официјална посета на Македонија при што ги посети Скопје и Охрид. Посетата на британскиот престолонаследник се случи само недела дена по вториот круг од третите парламентарни избори во Македонија кога власта од СДСМ ја презеде коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ и Демократска Алтернатива.
Кралот Чарлс III на 8. ноември 1998 се сретна со тогашниот македонски претседател Киро Глигоров и со министерот за одбрана Благој Ханџиски.
Британскиот престолонаследник ги испочитува и двете најголеми верски заедници во државата, присуствувајќи на панихидата за загинатите војници со која чиноначалствуваше владиката Агатангел, а присуствуваше и на молитва во Алипашината џамија во Охрид.
И покрај набиената политичка агенда, која вклучуваше и посета на редакцијата на Би Би Си на македонски јазик и посета на Македонската берза и средба со тогашниот директор Евгенија Зографски, тој дента замина и во Охрид каде меѓудругото го посети локалниот пазар и според фотографиите, мирисаше ливчиња од планински чај и разговараше со продавачите на пазарот. На една од повпечатлите фотографии од тоа време се гледа идниот британски престолонаследник како гледа во купот зелки и како земјоделците му се жалат за цената на нивниот производ.
Во Охрид тој се сликаше и со млади играорци кои на кралот Чарлс III му го претставија македонскиот фолклор, а уживаше и во звуците на гајдите кои пак се традиционални во Шкотска, земја дел од Обединетото Кралство.
Британскиот престолонаследник, следниот ден на 9. ноември се сретна со македонски претприемачи, а на фотографијата од сервисот ЕПА разговараше со еден од присутните менаџери на мали претпријатија – специјализиран за домашни слатки специјалитети. Овие претпријатијата беа поддржани од локалната „Know-how“ Фондација.
Кралот Чарлс Трети во овој период во рамките на својата турнеја на Балканот посети четири земји – Словенија, Романија, Бугарија и Македонија, а во Скопје допатува од Софија кадешто престојуваше од 6 до 8 ноември 1998 година.
Извор: Слободен печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…