Украинскиот врховен командант: Дојдовме на 50 километри од границата со Русија
Украинскиот врховен командант вели дека војската напредува во областа Харков, додавајќи дека тие се на 50 километри од границата со Русија.
Тој на каналот на Телеграм напиша дека украинските сили овој месец повратиле повеќе од 3.000 квадратни километри територија и ја продолжуваат својата офанзива.
Москва го признава повлекувањето од украинските градови Изјум и Балаклија. Министерството за одбрана наведува дека оттаму руските војници се прегрупирани во правец на Доњецк за да се постигнат целите на инвазијата.
„Вооружените сили на Русија вршат многу прецизни напади врз единиците на украинската армија во регионот Харков. Од 6 до 10 септември загубите на украинските сили на рутата Миколаев – Криви Рог изнесуваат повеќе од четири илјади мртви и околу осум илјади ранети“, тврди Игор Конашенков, портпарол на руското Министерство за одбрана.
Украинскиот Генералштаб објави и на Фејсбук дека украинската армија во претходните 24 часа успеала да го избрка непријателот од повеќе од 20 населени места.
Непријателот се фокусира на воспоставување контрола над територијата на регионот Доњецк и попречување на нападите на украинските војници во одредени области.
„Непријателот продолжи да ги напаѓа украинските позиции од воздух и презема мерки за враќање на изгубеното“, соопшти Генералштабот.
Се додава дека останува заканата од воздушни и ракетни напади врз Украина, со дополнение дека во претходниот ден непријателот истрелал 18 проектили и извршил 39 воздушни напади врз цивилни објекти низ Украина, во кои биле оштетени повеќе од 30 места, вклучително и Краматорск, Днипро, Павлорад…
Се наведува и дека руските сили извршиле уште еден „терористички чин“ – со проектили ја нападнале термоцентралата Харков, што предизвикало недостиг на струја во одредени региони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…
Две години жителите во зграда на булевар…
Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…
Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…
Koчоска: Цените не се многу високи, горивата…
Горивата се берзански производ на кој не…
Руски генерал: Третата светска војна веќе започна,…
Откако израелската армија нападна ирански цели во…
Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…
Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…