Ги јакнеме позициите: Објавен конкурс за прием на 200 професионални војници
Министерството за одбрана денеска го објави Јавниот оглас за прием на 200 професионални војници на служба во Армијата на Република Северна Македонија.
Рокот за пријавување на кандидатите е 15 дена, вклучувајќи го и денот на објава.
– Согласно новите законски измени за служба во Армијата, идните професионални војници од моментот на склучување на договор ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 9.000,00 денари – средства за станбено обезбедување од 01.01.2023 година, појаснуваат од МО.
Условите за пријавување на лицата на јавниот оглас се да се државјани на Република Северна Македонија; да се полнолетни; да имаат завршено најмалку средно образование; да не се постари од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да се здравствено и физички способни.
Кандидатите за професионални војници својата пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на следниот е-маил: [email protected] и до Одделенијата за одбрана во или блиску до местото на живеење, заедно со потребните документи.
Како што информираат од МО, во постапката за избор, кандидатите за професионални војници ќе подлежат на тестови за физичка подготвеност и на здравствени прегледи спроведени од посебни комисии. (МИА)
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Ова се најбогатите држави во светот, а…
БДП по глава на жител е груба…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Жена од Липково ја удрило струја додека…
Родителите од Кочани официјално побараа средба со…
Семејствата и родителите на починатите во пожарот…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…
Пакистан ги затвори сите гранични премини со…