Занаетчиите бараат субвенции и да бидат потрошувачи на струја во категоријата домаќинства

t

Занаетчиите да добијат субвенции од државата и да се сметаат како потрошувачи на струја во категоријата „домаќинства“, бара Занаетчиска комора Скопје за полесно пребродување на енергетската криза.

Комората предупредува дека секторот е во криза и информира дека побарала од Владата субвенционирање на дел од сметките за потрошена електричната енергија за занаетчиите од октомври 2022 до мај 2023 година. Доколку не се субвенционираат занаетите на кои им е потребна подршка во овој период, потенцира Комората, голем дел од нив ќе престанат да вршат дејност.

-Енергетската криза влијае негативно на целиот занаетчиски сектор, целиот сектор е во криза зашто ресурсите, струјата и репроматеријалите се поскапени, како и поради негативното влијание на дефицитот на стручен кадар. Занаетчиството е сектор каде функционираат бизниси како самостојни вршители на дејност но и бизниси кои имаат вработени и на кои им е неопходнo олеснување на трошоците за електрична енергија затоа што се потрошувачи на електрична енергија во процесите на вршење на занаетчиска дејност. Занаетчиите ја користат електричната енергија како ресурс за вршење дејност – вклучување на алатот за работа, затоплување и ладење на занаетчиските работилници, наведува Занаетчиската комора.

Според Комората, во тарифниот систем на продажба на електрична енергија на потрошувачите, занаетчиите регистрирани согласно Законот за занаетчиство треба да се изземат од тарифата „останата потрошувачка” и да влезат во тарифата за домаќинствата, а не да се тарифираат во категорија „останата потрошувачка“ со која се израмнети и со најголемите индустриски гиганти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студентите и оваа година ќе добиваат 840…

За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…

Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…

Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…

Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…

Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…

Почина бизнисменот Огњан Циговски

По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…

Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…

Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…