Траги-комедија: Тетовка пронашла лична карта, наместо да ја пријави во МВР подигнала кредит

t

СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,злоупотреба на лични податоци“ и против две подружници на финансиски друштва во Тетово, Г.А.(35) од Република Бугарија, раководител на едната подружница, Р. Г.(37) од Скопје, раководител на другата подружница и вработените во двете подружници, С.И.(34) од Тетово и М.А.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Според СВТ Тетово, Првопријавената, во јануари 2022 година во близина на Клиничкиот центар во Тетово пронашла изгубена лична карта, која наместо да ја пријави во полициска станица, без согласност на сопственичката ги искористила личните податоци и во три наврати подигнала брз готовински кредит во двете подружници на финансиските друштва.

Двете правни лица и останатите четворица пријавени несовесно постапиле со пропуштање должен надзор и на тој начин и овозможиле на првопријавената да подигне брзи готовински кредити со користење личен документ од туѓо лице, велат од СВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Репрезентативец на Албанија доби мурал на ѕид…

Недим Бајрами, играчот од средниот ред на…

Насилник од Тетово му се заканувал на…

43-годишен жител на Тетово ќе одговара за…

Mедициските сестри од Тетово најавија протест во…

На медицинските сестри од Клиничката болница Тетово,…

Во голем дел од тетовско утре ќе…

Утре, 3 јуни 2025 година (вторник), повеќе…

Тетовските медицински сестри три месеци без плата…

Десетици медицински сестри и техничкиот персонал од…