ОН предупредуваат: Сирија повторно е на раб на ескалација и војна
Долготрајната војна во Сирија се заканува повторно да ескалира откако во последните месеци се разгореа судирите на неколку линии на фронтот низ земјата, предупредија денеска од Обединетите нации.
„Сирија не може да си дозволи нови борби од големи размери, но тоа е насоката во која може да се движи оваа земја“, рече Пауло Серџо Пинеиро, претседател на комисијата на ОН за Сирија, пишува “Ројтерс”.
Се вели дека стотици илјади луѓе загинале, а милиони останале без покрив над главата, откако протестите против претседателот Башар ал Асад во 2011 година се претворија во граѓанска војна која привлече странски сили.
Се потсетува дека борбите стивнаа во последниве години откако Иран и Русија му помогнаа на Асад да врати 70 отсто од територијата на Сирија, САД ги поддржаа курдските борци кои ја поразија Исламската држава, додека Турција постави тампон зона во близина на нејзината граница.
Сепак, Обединетите нации соопштија дека линиите на поделба меѓу различните области сега повторно почнуваат да се вжештуваат.
„Во еден момент имавме идеја дека војната во Сирија е целосно завршена“, рече Пињеро, додавајќи дека инцидентите документирани во извештајот докажуваат дека тоа не е така, пренесе “Танјуг”.
Извештајот од 50 страници потврдува дека бројот на „сериозни прекршувања на основните човекови права и хуманитарното право“ се зголемил низ целата земја во првите шест месеци од оваа година.
Десетици цивили загинаа во борбите и воздушните бомбардирања во североисточниот и северозападниот дел на земјата, додека жителите таму имаа ограничен пристап до храна и вода, според извештајот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сирија го осуди братучедот на Башар ал-Асад…
Сириски суд го осуди Васим ал-Асад, братучед…
Гутереш повика на укинување на сите санкции…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Гутереш повика на глобална поддршка за Сирија…
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш,…
Трамп одлучи да го поништи статусот на…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…
Макрон во посета на Сирија, ќе се…
Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…