Објавено на:

Трамп одлучи да го поништи статусот на Сирија како држава што го спонзорира тероризмот

t

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го извести Конгресот за намерата да го поништи статусот на Сирија како држава што го спонзорира тероризмот (ССТ), соопшти Стејт департментот.

Во соопштението се наведува дека оваа одлука на Трамп е уште еден историски чекор што овозможува да му се даде шанса на сирискиот народ за напредок и Сирија повторно да се вклучи во меѓународната трговија и инвестиции.

„Стабилна, обединета Сирија која е во мир со себе и со своите соседи е од корист не само за регионот, туку и за целиот свет. Елиминирањето на санкциите следува по извршната наредба на претседателот Трамп од 30 јуни 2025 година, со која се наложува ублажување на санкциите кон Сирија по позитивните промени и акциите против тероризмот што ги презеде сириската влада под водство на претседателот Ахмед ал-Шара“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Исто така се истакнува дека сирискиот претседател Ал-Шара дал уверувања дека Сирија во иднина нема да поддржува акти на меѓународен тероризам.

„Денеска се случува значајна пресвртница во обновените билатерални односи меѓу САД и Сирија и во историјата на Сирија како нација. Пофалби до владата на Сирија за зацртувањето на новиот курс. Со нетрпение очекуваме да го зајакнеме нашето партнерство со Сирија и нејзиниот народ“, се додава во соопштението на Стејт департментот.

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, претходно вчера го извести претседателот на Сирија, Ахмед ал-Шара, дека одлучил да ја отстрани Сирија од американската листа на држави спонзори на тероризмот.

Трамп, кој се сретна со Ал-Шара на маргините на самитот на НАТО во Анкара, му порача на сирискиот лидер дека американските компании се подготвени да инвестираат во Сирија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп одлучи да го поништи статусот на…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, синоќа го…

Макрон во посета на Сирија, ќе се…

Францускиот претседател Емануел Макрон пристигна во Сирија…

Австрија нуди до 3000 евра за доброволно…

Австриската влада најави нов пакет мерки со…

Сирија ги негира извештаите за планови за…

Сирискиот претседател Ахмад ал-Шара во саботата ги…

Трамп со порака до Иран: Време е…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговото…