Ременски во одбрана на Џафери: Референдумската иницијатива е противуставна
Поранешната пратеничка но и потпретседателка на Собранието на РМ, Фросина Ременски, застана во одбрана на собранискиот спикер Талат Џафери во врска со неговата одлука да ја отфрли иницијативата за референдум поднесена од ВМРО-ДПМНЕ.
Ременски го дели мислењето со Џафери дека ваквата иницијатива е противуставна.
Во продолжение ја пренесуваме нејзината објава на Фејсбук:
– Гледам дека дебатата околу референдиумската иницијатива се пренесува во Кабинетот на Претседателот на Собранието на РМ – дали ќе се прифати иницијативата за организирање на референдум или не![]()
Како поранешен Потпретседател на Собранието на РМ и дел на Претседателството кое заседавало за многу важни државнички прашања од интерес за иднината на граѓаните и државата имам став околу референдумската иницијатива и правецот во кој треба да се одлучува за истата.
Претседателот на Собранието на РМ, знае дека оваа иницијатива во основа е противуставна и спротивна на стратешките интереси на РСМ дефинирани во временски интервал од 30 години и со надпартиски и наднационален консензус/интерес – полноправно членство во ЕУ и НАТО.
Претседателот на Собранието на РМ е дел од уставниот поредок и еден од повиканите да се грижи за заштитата на уставниот поредок и стратешките интереси на државата, а тоа значи дека, оценката за целта на иницијатива за референдумско изјаснување на граѓаните против стратешките интереси на државата, националната и регионалната безбедност е одговорност на сите три власти за грижата и заштитата на уставниот поредок и интересите на државата.
Претседателот на Собранието на РМ нема обврска само формално-правно да ја оценува референдумската иницијатива, туку да навлезе во целите и ефектите од истата, односно да оцени дали периодот, ресурсите, реториката, дејствијата и целиот процес се во прилог на европската иднина, политичката стабилност и стратешките интереси на државата, или пак, билет за партиска мобилизација и тригер за етнонационализам кој ќе не’ дефокусира од европскиот пат на интеграциите.
Одобрување на референдумска иницијатија за прашање кое е дел од ратификуван договор и донесен закон (според член 118 од Уставот на РСМ) е противуставна одлука која не може да се разгледува исклучиво од формално-правен аспект за (не)уредност.
![]()
На ова би додала дека, оваа реферндумска иницијатива (по дефиниција) е класична хибридна закана врз националната и регионалната безбедност и има за цел наметнување на перцепција, фокус, реторика, ефект и цел кои ја загрозуваат безбедноста, меѓуетничките односи и стратешките – западно ориентирани интереси на државата.
Хибридот (референдумската иницијатива) е микс на легално и нелегално. Легалното е правото на референдумско изјаснување на граѓаните, додека нелегалното е рушењето на темелите на стратешката определба, правец и иднина на државата.
Вака поставена иницијатва е легален и легитимен таргет на сите надлежни институции задолежени за заштита на правниот и уставниот поредок, стратешките интереси на дражавата, националната и регионалната безбедност.
Ефектот и целта на референдумот , според сите безбедносни индикатори не е заштита на државата од некаква „бугаризација“ (како индивидуално национално самоопределувачкао право), туку нарушување на клучниот Копенхагеншки критериум кој не е од вчера, а тоа е развивање и унапредување на добрососедските односи врз основа на одговорна надворешна и безбедносна политика.
![]()
Затоа, во референдумското прашање и во пропагандата за лобирање во полза на таков референдум, најмалку ќе се зборува за алтернативните решенија на предлагачите на референдумот (нема алтернативни решенија и образложенија), туку во фокусот ќе биде Бугарија, енонационализмот и историските дебати кои ќе предизвика контраефект и реакции како дека живееме во средниот, а не во 21-от век.
Македонската интелектуална и академска зсдница има многу повеќе аргументи од секакви други во насока на одбрана на европскиот контекст, корен и иднина на нашиот македонски национален идентитет на патот кон ЕУ. Не треба никој да се плаши дека академската слобода, мисла, знаење и аргумент не е препознаен од европската стручна и политичка јавност.
Погледнете ги само последните индекси за сиромаштија за евроспките земји кои не се членки на ЕУ, меѓу кои РСМакедонија е на четврто место според БДП по глава на жител и ќе Ви стане јасно зошто час поскоро треба да го фатиме европскиот интегративен воз, без патетики.
Црна Гора и Србија кои преговараат со ЕУ и поминаа неколку поглавја се многу подобри (далеку под потребното) во тој индекс на сиромаштија.
Мојот личен став по ова прашање го истакнав неколку пати јавно, отворено и директно.
Да не се лажеме…зад овој голем патриотизам и одбрана на Македонија не се крие ништо друго, освен одбрана од одговорноста за сите транзициски и национални предавства на економски и социјален план и заштита на финансиските интереси на најголемата олигархија која сака и се труди да диктира политичко темпо со цел да ја одложи примената на евопските кривично-правни правила за сите влијанија и злоупотреби кои загрозуваат интереси на државата, регионот, граѓаните и младите.
Зад големиот “национализам”, секогаш се крие ГОЛЕМ криминал, смета Ременски.
ЛИНК од објавата на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) „Распишете референдум, младите сами да одлучат…
Владата на Мицкоски не може да се…
Политико: Исланд размислува за продолжување на преговорите…
Исланд размислува за организирање на референдум за…
Поднесен е предлог за референдум за регионалната…
Поднесена е предлог-иницијативата за референдум за регионалната…
Во Србија е можно да има референдум…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, најави можност…
Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…
Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…