Костадиновска Стојчевска објави: Македонскиот јазик ќе се изучува на Универзитетот во Корча!
Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на Фејсбук соопшти дека македонскиот јазик ќе се вклучи во наставно образовната програма, односно ќе се изучува како насока на Универзитетот во Корча, Албанија.
– Се грижиме за идентитетските особености, со акцент на негување на јазикот и на културните вредности.
Во Корча, Република Албанија со деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Добри Петровски; претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, и амбасадорот на Македонија во Албанија, Данчо Марковски ги финализиравме подготовките за вклучување на македонскиот јазик во наставно-образовната програма во рамките на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча.
Со ректорот на Универзитетот, проф. Димитар Бело зборувавме за конкретна соработка, а со градоначалникот Сотирач Фило ги споделивме информациите за Деновите на македонската култура во Корча, кои би се реализирале во втората половина на октомври, напиша министерката.
Вакциот потег доаѓа во период кога од страна на Бугарија има обиди практично за насилна асимилација на Македонците во Албанија преку наметнување на стипендии за оние кои ќе се одлучат да го изучуваат бугарскиот јазик и делење на бугарски книги меѓу македонското малцинство.
Ваквиот потег треба да ја зајакне положбата на Македонците во Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…
Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…
Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…
Во Албанија е идентификуван првиот случај на…
Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…
Рама: Албанија доби „зелено светло“ за отворање…
Албанскиот премиер Еди Рама објави дека земјата…