Костадиновска Стојчевска објави: Македонскиот јазик ќе се изучува на Универзитетот во Корча!

t

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на Фејсбук соопшти дека македонскиот јазик ќе се вклучи во наставно образовната програма, односно ќе се изучува како насока на Универзитетот во Корча, Албанија.

– Се грижиме за идентитетските особености, со акцент на негување на јазикот и на културните вредности.

📍Во Корча, Република Албанија со деканот на Педагошкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола, Добри Петровски; претседателот на Советот за македонски јазик, проф. Људмил Спасов, и амбасадорот на Македонија во Албанија, Данчо Марковски ги финализиравме подготовките за вклучување на македонскиот јазик во наставно-образовната програма во рамките на Универзитетот „Фан С. Ноли“ во Корча.

Со ректорот на Универзитетот, проф. Димитар Бело зборувавме за конкретна соработка, а со градоначалникот Сотирач Фило ги споделивме информациите за Деновите на македонската култура во Корча, кои би се реализирале во втората половина на октомври, напиша министерката.

Вакциот потег доаѓа во период кога од страна на Бугарија има обиди практично за насилна асимилација на Македонците во Албанија преку наметнување на стипендии за оние кои ќе се одлучат да го изучуваат бугарскиот јазик и делење на бугарски книги меѓу македонското малцинство.

Ваквиот потег треба да ја зајакне положбата на Македонците во Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанското Специјално обвинителство отвори истрага против Рама…

Албанското Специјално обвинителство за борба против корупцијата…

ДЗС: безбедно отстранети две минофрлачки гранати од…

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) безбедно…

Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…

Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…

Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…

31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…

(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…

Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…