Путин пред Си Џинпинг ги осуди обидите на Западот да креира униполарен свет!

t

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средбата со кинескиот колега Си Џинпинг во Самарканд ги осуди обидите на Западот да создаде „униполарен свет” и ја поздрави „балансираната позиција” на Пекинг по однос кризата во Украина.

„Обидите да се создаде униполарен свет неодамна добија крајно грда форма и се целосно неприфатливи“, му рекол Путин на Си.

„Многу ја цениме избалансираната позиција на нашите кинески пријатели по однос украинската криза“, додал рускиот претседател на првата средба со својот кинески колега од почетокот на војната на 24 февруари.

Си Џинпинг го уверил Путин дека Кина сака да ја преземе својата улога на „светска сила“, заедно со Русија.

„Кина има намера да работи со Русија за да ја преземе одговорноста како светска сила, да игра водечка улога и да донесе стабилност и позитивна енергија во светот, што се наоѓа во хаос“, изјави Си.

Путин и Си се во Самарканд за да присуствуваат на Самитот на Шангајската организација за соработка, безбедносна структура што се смета за алтернатива на сојузите во кои доминира Западот. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Либија се заканува: „Ќе се одмаздиме“! Дали…

Двајца либиски поморски офицери им подлегнаа на…

Зетот на Трамп тврди дека Путин дал…

Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд…

Руте: Притисокот на Трамп врз Путин функционира…

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, го…

Кошта и Фон дер Лајен: Проширувањето е…

Геополитичката состојба ја нагласува потребата од сè…

Аракчи тврди дека Тел Авив сака да…

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи,…