Русите повторно го нападнаа родниот град на Зеленски
Уште една руска ракета денеска го погодила Кривиј Рих, само половина ден откако неколку руски проектили погодиле хидраулични системи долж реката Инхулец, предизвикувајќи значителни поплави.
Инаку, Криви Рих е родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Проектилот погодил фабрика во индустрискиот дел на градот, изјави Олександр Вилкул, шеф на воената управа на Кривји Рих и додаде: „Се работи за сериозно уништување“.
Вилкул рече дека властите се обидуваат да утврдат дали има жртви.
Да потсетиме, синоќешниот ракетен напад врз хидраулични системи предизвика итна евакуација и повеќе од 100 поплавени домови. Украина истакнува дека Русите продолжуваат да ја таргетираат критичната инфраструктура со цел да се одмаздат за успешната украинска контраофанзива и ослободувањето на окупираната територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…