Дресот на Џордан продаден за рекордни 10,1 милиони долари
Дресот на легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан е продаден на аукција за рекордни 10,1 милиони долари, соопшти аукциската куќа Сотби од Њујорк.
Станува збор за дрес во боите на Чикаго Булс, кој Џордан го носеше за време на првиот натпревар од финалето во НБА лигата против Јута во 1998 година.
Чикаго го загуби тој натпревар по продолжение (88-85), но подоцна ја освои шампионската титула, која беше шеста и последна за Џордан во дресот на „Булси“.
Претходно оваа година за 9,3 милиони долари на аукција беше продаден дресот во кој аргентинскиот фудбалер Диего Армандо Марадона го постигна легендарниот гол против Англија во четвртфиналето на мундијалот 1986, кој стана познат како „божја рака“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…