(Видео) Христијан Мицкоски го обрука и синдикатот: Ги испрати да штитат луѓе кои не иделе на работа, а земале плата

t

Претседателот на Конфедерацијата на Синдикални Организации на Македонија, Марјан Ристески денеска пред седиштето на Град Скопје се закани дека ќе го блокира во целост влезот на градот бидејќи градоначалничката, Данела Арсовска се одлучи да не ги продолжи договорите на 100-тина вработени на договор на дело во ЈП Водовод и канализации – Скопје со кое раководеше екс-директорот, Златко Перински.

Златко Перински беше разрешен поради сомнежи за криминал во случајот со тендерот за изградба на пречистителна станица на реката Вардар.

Перински вработил 100-тина луѓе без никаков критериум од кои дел воопшто не се појавувале на работно место.

Според Ристески за тоа што дел од вработените не оделе на работа, а земале плата не биле виновни работниците туку директорите. Тој посочи дека вработените не треба и не би можело да се кодошат меѓу себе кој тоа оди на работа, а кој не.

И самиот Ристески потврди дека дел од вработените во Водовод не оделе на работа.

На прашање на Инфомакс зошто не се бара одговор од Перински зошто дел од вработените не оделе на работа, а земале плата тој посочи дека и тој треба да одговара.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Еве како денес изгледа Париз по…

Франција утрово прави преглед на штетите по…

Трагично заврши потрагата по исчезнато лице во…

Трагично заврши потрагата по 87-годишен жител на…

Излезноста во Брвеница до 11 часот е…

Излезноста на предвремените избори за градоначалник на…

Рама ги обвини Иран и Русија дека…

Албанскиот премиер Еди Рама повика на смиреност…