Левица: Балансерот дополнително ја партизира администрацијата

t

Министерот за информатичко општество и администраџија, Адмирим Алити, го користи балансерот за дополнително да ја партизира администрацијата, реагираат од Левица.

– АЛИТИ ПРЕКУ БАЛАНСЕРОТ ДОПОЛНИТЕЛНО ЈА ПАРТИЗИРА АДМИНИСТРАЦИЈАТА

Министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити изработи нов балансер кој не ги следи прописите од законите, па така наместо да се предвидуваат 24,3 отсто вработувања по основа на припадност на албанската етничка заедница по логиката на фингираниот попис, за Алити и неговите желби и намери таа бројка треба да достигне дури 31,5 отсто.

Сево ова, е за делење на политичкиот плен на етнотрибалистичка основа, така што партиските војници од двата блока партии ќе бидат згрижени на државна сметка.

Во исто време, политиките на оваа власт успеваат да го угнетат или пак отселат сиот чесен народ – за да се наградат послушниците.

Иако ваквата пресметка е спротивна на Законот за вработување во јавниот сектор, според кој распределбата на бројот на новите вработувања по припадност на заедница се прави според податоците од последниот попис на населението кои живеат на територијата на Република Македонија, сепак балансерот добива амин од Владата.

Ваквата „спогодба” помеѓу Владата и Алити е почеток од скриената агенда на пописниот фалсификат креиран од ДУИ и СДСМ, а т.н. попис, спроведен под присила, без согласност со насоките на Евростат и со бројни манипулации станува алатка за понатамошна партизација на институциите, велат од Левица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пратениците на Левица и во овој мандат…

- 366 илјади евра за патни трошоци за пратениците од коалицијата ДПМНЕ-СДС-ДУИ за една година. Крмов и Апасиев не земаа ниту денар, велат од Левица. -…

Мециновиќ: НЕ за патни трошоци, средствата да…

- Јас ќе бидам искрен, можеби е…

(Видео) Мециновиќ: Ние сме за протекционистичка економија,…

Левица е за протекционистичка економија, вели во…

Мециновиќ: Левица може да ја замени СДСМ…

Левица може да ја замени СДСМ во…

(Видео) Мециновиќ: Левица е создадена за да…

ВМРО-ДПМНЕ го пирзнава Преспанскиот договор и само…