Воска: Хулигани на Гостивар го нападнаа нашето раководството
Дербито во Втората лига меѓу Гостивар и Воска го одбележа тепачка на трибините, по што гостите испратија соопштение до јавност за тоа што се случило во Г. Речица.
Воска обвини дека раководството на екипата било нападнато од страна на хулигани од Гостивар.
„Хулигани на Гостивар го нападна раководството на F.C Voska Sport
Во рамките на 5-то коло F.C Voska Sport му гостуваше на Гостивар, екипа која исто така е претендент за титулата.
Имајќи ја предвид важноста на оваа средба, F.C Voska Sport, како и на секој натпревар, и денеска беше максимално подготвена за овој натпревар против #Гостивар, чии челници на тимот заедно со дел од нивните навивачи хулигани покажаа многу ниска спортска култура.
Се чини дека голот што го постигна #Ардит Демири воопшто не им се допадна на челниците на Гостивар, кои само за да го исплашат нашиот тим и да стигнат до победа, наместо да ја покажат својата сила внатре во теренот, тоа го направија надвор од него, нападнајќи го раководството на Воска Спорт.
Ова навистина е еден скандалозен чин на #челниците на #Гостивар, особено кога истите тврдат дека Гостивар ќе го претвораат во европски клуб.
За жал денешниот случај го покажува спротивното, бидејќи еден клуб ѓто посакува да игра во #Европа, за резутатите треба да се бори на зелениот терен , а не преку покажубање на мускули, бидејќи и на тој начин не ја постигнаа нивната цел, да ја совладаат екипата на F.C Voska Sport.
Фудбал се игра на зелениот терен драги гостиварчани, или пак вие што стоите позади овој клуб, а не на трибини каде местото им е на вистинските љубители на фудбалот, а не на хулигани кои ги плаќате да ве подржуват на фудбалски натпревари, оти вие вредноста на еден сериозен тим, или пак претендент за влез во Прва Лига, го изгубивте уште од пред неколку недели, кога бевте нападнати од вашите сопствени фанови преку социјалните мрежи“, пишува во нивното соопштение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скандал во САД: ФБИ ја претресува куќата…
ФБИ изврши рација во домот на поранешниот…
Британската метеоролошка служба предупредува: 2027 година ќе…
Британската метеоролошка служба предупреди дека Ел Нињо,…
Уништени над 45 од 112 новопоставени столбови…
Здружение за Одржлив Развој САТ – Скопје…
Џорџа Мелони мислела дека ќе ѝ оди…
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска призна дека…
Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом…
На 20.08.2026 во 12:45 часот во Полициското…