Путин со порака до ЕУ: Ако сакате гас, само тргнете ги санкциите за Северен ток 2!
Тој рече дека ако Европската унија сака повеќе гас, треба да ги укине санкциите што го спречуваат отворањето на гасоводот Северен тек 2.
Говорејќи пред новинарите по самитот на Шангајската организација за соработка во Узбекистан, Путин ја обвини енергетската криза како што ја нарече „зелена агенда“ и инсистираше на тоа дека Русија ќе ги исполни своите енергетски обврски.
„Заклучокот е, ако имате желба, ако ви е толку тешко, само укинете ги санкциите за Северен тек 2, што е 55 милијарди кубни метри гас годишно. Само притиснете го копчето и сè ќе тргне“, изјавил Путин.
Северен тек 2, кој лежи на дното на Балтичкото Море речиси паралелно со Северен тек 1, беше изграден пред една година, но Германија одлучи да не продолжи со него само неколку дена пред Русија да испрати свои војници во Украина на 24 февруари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„И ЈАС БИ САКАЛ ДА ГО ПОЗНАВАМ…
Приказната за трагично починатиот македонски пејач Тоше…
Руски дронови ја запалија украинската Национална академија…
Руски беспилотни летала го нападнаа центарот на…
19-годишен кумановец е уапсен, на улица нападнал…
Тинејџер на возраст од 19 години вчера…
Трајко Бојковски призна дека ги извршил некои…
Осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане, Трајко…
Македонските фудбалери отпатуваа за Љубљана на дуелот…
Фудбалската репрезентација на Mакедонија немаше многу време…