Ковачевски: Да бидеме солидарни за надминување на енергетската криза

t

Голем предизвик стои пред нас зимава – енергетската криза е сериозна закана за образовниот процес. За да ги оствариме долгорочните цели, најпрво мора да се осигураме дека ќе имаме доволно ресурси за основите услови – топли и добро осветлени домови и топли и добро осветлени училници за нашите ученици зимава да имаат непречено и квалитетно образование.

Ова е приоритет број еден денес, утре и во претстојните зимски месеци. Одговорот на овие предизвици може да се најде само во заемната меѓународна и меѓурегионална соработка, но најмногу од се преку солидарноста, рече премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на Самитот за трансформација на образованието што се одржува во рамки на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Ковачевски порача дека само со вложување заеднички напори како што се прави на овој Самит и со заедничко работење, може да се најде решение за секој проблем и да се постигне напредок.

-Ако сакаме нашите ученици да пораснат со добро образование, прво мора да им покажеме како ние возрасните можеме заедно да ги решиме проблемите. Во спротивно, ниту еден образовен модел или развојна стратегија нема да направи никаква разлика, ниту нешто ќе им значи, нагласи македонскиот премиер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…

 Техничката влада е дефинирана согласно закон и…

СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…

Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…

Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…

Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…

Норвешка заработи 31 милијарда долари поради конфликтот…

Зголемените цени на енергијата поради недостигот на…

Мудис: Загрозена економската иднина на Израел

 Војната со палестинската милитантна група Хамас го…