Мицкоски: Имаме најниски цени на бензините, жители од соседните земји доаѓаат да точат гориво кај нас

t

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука на Владата за продолжување на мерките за намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за дизелот и за бензините до 1 јуни ќе значи дека и понатаму ќе имаме горива со најниски цени во регионот.

„Вчера имавме вонредна онлајн седница на Владата на која до 1 јуни ги продолживме мерките што значат намален ДДВ за бензините и намалени акцизи за бензините и за дизелот. Со тоа ние како држава повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата… Со одлуката на Владата и во наредните две недели ќе важи намалениот ДДВ од 18 на 10 отсто за бензините и намалената акциза од 4 денари по литар за дизелот и од два денари по литар за бензините“, рече Мицкоски.

Додаде дека менаџирањето со најголемата глобална енергетска криза досега се покажува како успешно, до толку што македонските бензински пумпи станаа дестинација за точење гориво и за жителите од соседните држави.

„Покрај сите ризици и покрај сите предизвици со кои се соочува светот ние во овие речиси три месеци од би рекол најголемата енергетска криза која се има случено не според моето кажување, туку и според кажувањето на претседателот на Светската енергетска заедница, како држава не само што успеваме да обезбедиме најниска цена за горивата, туку и практично да им ја понудиме на соседните земји, бидејќи голем дел од нивните граѓани од север, запад и југ доаѓаат кај нас да точат гориво. Како Влада ќе продолжиме во таа насока и понатаму“, вели Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Имаме најниски цени на бензините, жители…

Премиерот Христијан Мицкоски посочи дека вчерашната одлука…

Падна цената на златото на светските берзи

Падна златото на светските берзи. Цената за унца…

Речиси 87 отсто од нафтените деривати ги…

Околу 87% од нафтените деривати минатата година…

Цените на горивата се намалуваат за денар…

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и…

(Видео) Мицкоски најави намалување на цените на…

Очекуваме РКЕ утре да донесе нова корекција…