Јонуз во одбрана на Ковачевски: Многу големи државници не служеле војска
ВМРО-ДПМНЕ во изминативе неколку дена излегува со документи со кои тврди дека премиерот Димитар Ковачевски дезертирал од Армијата за да ја избегне законската обврска во 2001 година, а како причина наведуваат „трајна неспособност“.
– Ковачевски е недостоен за вршење на функцијата премиер, факт е дека тој не и служел на Македонија кога требало, истакнаа од опозициската партија
Премиерот реагираше дека никогаш не избегнувал ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок.
-Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред повеќе од 20 години за да го прикријат својот срам и криминал, истакна Ковачевски во својата реакција, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ не бира ни средства ниту начин за да го сврти вниманието на јавноста од големите корупциски скандали и превирања во нивната партија.
Сепак колку неспособноста едно лице да служи војска значи и неспособност да води држава? Политичкиот аналитичар Агим Јонуз за „Локално“ вели дека „сето ова е дневна политика и обид да се наштети и да се искомпромитира премиерот.
-Никој не елаборира пошироко кои биле на времето причините што премиерот бил ослободен од обврска да служи војска. Политиката е ментална дисциплина во која не значи дека ако некој има физички недостатоци или проблеми со здравјето е неспособен да говори и да води политика. Лично сметам дека тоа е само политички фолклор кој во наши услови е одамна спаднат на многу ниско ниво и не се бираат начини и средства. Политичкиот фолклор е спаднат на самото дно во државава. Многу големи државници не служеле војска, а и прашање е дали би биле евентуално регрутирани, посочи Јонуз.
Партијата на Мицкоски не бира веќе никакви теми за во јавноста кои создаваат амбиент на „еве ние сме чесни“, а власта криминална. Сметам дека нешто сериозно се случува во партијата во смисла на земјотресот на релацијата со актуелната градоначалничка. Обвинувањата на двете страни се сериозни, така да ќе мора некои елементи да имаат и судска разречница, поготово ако се земе во предвид дека градоначалничката излага со сериозни обвинувања за криминал. Криминалот не е криминал се додека не се докаже, посочува аналитичарот
На директното прашање дали Ковачевски ако свесно избегнал повик од АРМ во 2001 година, треба да си даде оставка, Јонуз смета дека „тоа е нон – сенс!“
-Не постои ниту валидна ниту релевантна причина за тоа. Повторувам, се е тоа само ниско ниво на политички фолклор во кој опозицијата и понатаму ќе бара разни начини да ја собори власта. Засега не и успева, но тоа кажува нешто друго. Тоа кажува дека не е СДСМ и власта толку јака колку што е слаба опозицијата. А, таа е свесна за тоа, иако има стабилно членство за разлика од позицијата кое може сериозно да ја разниша бројката на евентуалните предвремени избори. Евентуалните нови и предвремени избори може и да донесат евентуална смена на власта, но тоа не значи дека во трка по стабилно мнозинство повторно албанскиот фактор ќе биде тој што одлучува. А, со моделот на партијата на Мицкоски, не верувам дека ДУИ ќе дозволи било какви промени, па макар и Ковачевски уште утре да даде оставка. Повторувам, не е власта толку јака колку што ВМРО и политиката на Мицкоски во моментов се и автодеструктивни, а и непродуктивни, безидејни и бледи, истакна Јонуз за „Локално“.
Извор: Локално
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ковачевски: Техничката влада е дефинирана со закон,…
Техничката влада е дефинирана согласно закон и…
СДСМ ЌЕ ИМА СВОЈ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ КАНДИДАТ Ковачевски…
Ковачевски изјави дека на вечерашната седница на…
Ковачевски: Техничката Влада е законска обврска за…
Премиерот и претседател на СДСМ Димитар Ковачевски…
Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција…
Економската соработка и интеграцијата на земјите е…
Срдечна средба на Ковачевски со Александар Сорос
Премиерот Димитар Ковачевски на маргините на Парискиот…