Путин прогласи делумна мобилизација на населението – Русија ќе ги прифати и поддржи референдумите за отцепување од Украина!

t

ПУТИН: ЗА ЗАШТИТА НА РУСИЈА, НЕЈЗИНИОТ СУВЕРЕНИТЕТ И ИНТЕГРИТЕТ, СМЕТАМ ДЕКА Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ПОДДРЖИ ПРЕДЛОГОТ ЗА ДЕЛУМНА МОБИЛИЗАЦИЈА

Ова денеска го соопшти Владимир Путин во обраќањето кон нацијата во врска со специјалната операција на Русија во Украина и најавените референдуми на неколку региони за присоединување кон Русија.

Путин нагласи дека за делумната мобилизација ќе бидат повикани само лицата кои служеле воен ро и дека истите ќе поминат дополнителни обуки во војската.

Рускиот претседател Владимир Путин им се обрати на Русите и за ситуацијата во Донбас и специјалната операција.


На 19 септември, Јавните комори на ДНР и ЛНР апелираа до шефовите на републиките Денис Пушилин и Леонид Пашечник со иницијатива веднаш да се одржат референдуми за приклучување кон Русија. Следниот ден властите на ДНР и ЛНР објавија дека референдумот ќе се одржи од 23 до 27 септември.


Исто така, на 20 септември, администрациите на регионите Херсон и Запорожје објавија планови за одржување референдуми на истите датуми. Како што нагласија претставниците на регионите, приклучувањето кон Русија ќе ги обезбеди нивните територии и ќе ја врати историската правда. Според нивното мислење, оваа одлука е исклучително неопходна во контекст на постојаните акти на терор од националистичките власти на Украина и членките на НАТО, кои снабдуваат оружје за убивање цивили.

За време на специјалната операција, руската војска ја презеде контролата врз Азовскиот дел на регионот Запорожје и целиот регион Керсон, окупирајќи ги големите градови како Херсон, Мелитопол и Бердјанск и отсекувајќи ја Украина од Азовското Море. Во двата региони се формирани нови управи, емитуваат руски ТВ канали и радио станици, се обновуваат трговските и транспортните врски со Крим.


Голем број западни земји, особено САД, Германија, Франција и Полска, веќе се изјаснија дека не ги признаваат референдумите.

РУСИЈА ЌЕ СЕ НАПРАВИ СЕ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ СИГУРНИ УСЛОВИ ЗА РЕФЕРЕНДУМИ ВО ДОНБАС И ВО РЕГИОНОИТЕ КОИ СЕ СВРТУВААТ КОН РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА, истакна Путин кој додаде дека Русија ќе ги прифати резултатите од референдумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…

Русија „на две столчиња„: Имаме стратешко партнерство…

Блискиот Исток тоне во хаосот на војната,…

Околу 150 луѓе од „непријателски земји“ се…

Околу 150 луѓе емигрираат во Руската Федерација…

Русија и Украина повторно разменија заробеници

Нова група руски војници е вратена од…

Русија: САД да не се мешаат во…

Русија ги предупредува САД да не се…