Маж се самозапали на погребот на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе
Јапонец се самозапалил во протест против државниот погреб на поранешниот премиер Шинѕо Абе, кој беше убиен во јули, пренесува Би-Би-Си.
Стотици странски функционери се очекува да присуствуваат на погребот на 27 септември.
Утрово очевидци повикале полиција откако забележале маж во пламен во близина на канцеларијата на премиерот во Токио.
Полицајците го изгаснале пожарот и го однеле мажот кој се уште бил свесен во болница, објавија локалните медиуми.
Не се знае степенот на неговите повреди и неговата моментална состојба. Јапонските медиуми јавуваат дека станува збор за постар човек кој имал околу 70 години.
Владата допрва ќе го коментира случајот. Но, противењето на јавноста за одржувањето на државниот погреб се интензивираше во последниве месеци, при што анкетите покажаа дека мнозинството гласачи не се задоволни од поскапувањето.
Абе беше застрелан на 8 јули, на 67-годишна возраст, на предизборен митинг за неговата политичка партија. Убиството на јапонскиот премиер со најдолг стаж беше осудено на меѓународно ниво и ја шокираше Јапонија, земја со минимално досие на политичко насилство и криминал со оружје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Тајфун со налети на ветер до…
Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура…
Јапонија: Евакуација за стотици илјади луѓе поради…
Стотици илјади жители на југозападна Јапонија денеска…
Хирошима ја одбележа 81-годишнината од експлозијата на…
Јапонскиот град Хирошима во четврток ја одбележа…
Бројот на жртви од земјотресот во Јапонија…
Бројот на жртви од земјотресот со јачина…
13 лица загинаа во земјотресот во Јапонија…
13 лица беа пронајдени мртви додека спасувачките…