Спасовски вели МВР е меѓу најтранспарентните институции: ЦГК го “демантира” МВР меѓу најголемите “тендераши во четири очи”
Денес министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со претставници од граѓанската организација „Евротинк – Центарот за европски стратегии“ со цел продолжување на претходната успешна соработка со министерството за внатрешни работи на полето на транспарентноста и отчетноста на полицијата кон граѓаните, инфорираат од Министерството за внатрешни работи.
На состанокот беа сумирани резултатите од претходниот заеднички едногодишен проект „Кон транспарентна, отчетна и инклузивна полиција во Македонија“.
– „Се согласивме дека неговата имплементација придонесе за подобрување на околината и условите во кои полицијата функционира особено во областите транспарентност, отчетност и инклузивност при носење на одлуки за работата на полицијата.“, потенцираше министерот Спасовски.
Спасовски изрази задоволство дека МВР со Евротинк влегува во имплементација на два други проекти „Подобрување на транспарентност и отчетноста на полицијата во Република Македонија“ и „Со локални совети за превенција кон подобрена соработка“ за следниот период 2022 – 2024 година. Договорено е потпишување на меморандум за соработка кој ќе помогне во имплементацијата на овие потфати во следниот период.
Од неодамна презентираните резултати на организациите кои се занимаваат со демократските права, слобода на медиумите и транспарентност на институциите, МВР е една од најтранспарентните институции во земјата и регионот, односно Индексот на отвореност за МВР говори за 76.10% исполнетост на индикаторите за отвореност, велат од МВР.
МВР сепак беше “демантиран” од наодите во Извештајот што денеска го објави Центарот за граѓански комуникации од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени во периодот од јули до декември 2021 година.
Во нивниот извештај се вклучени и наоди од анкета на фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки, анализа на постапките пред Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година и истражување на договорните органи за нивните кадровски капацитети за јавни набавки.
Според податоците на ЦГК, дури 80 проценти од вредноста на склучените договори без објавување оглас им припаѓаат на АД Електрани на Македонија, МВР и Министерството за образование и наука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Началници и полицајци не санкционирале возач…
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…
Можно е враќање на средното полициско училиште
Министерството за внатрешни работи вчера, на владина…
(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…
Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…
(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…
Како што веќе најави директорот на Бирото…
Братот на заменикот на Тошковски имал врски…
Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…