МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен во ДЗС – Барал мито!
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР во координација со ОЈО Скопје лиши од слобода лице вработено во Дирекцијата за заштита и спасување поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, потврдија од Министерството за внатрешни работи за Инфомакс.
Се работи за раководител во ДЗС кој, според првичните информации, барал мито во врска со издавање позитивно мислење потребно за изградба на објект. Засега нема други детали за случајот, а по завршување на активностите на МВР и ОЈО ГОКК се очекува официјално соопштение од двете институции со детали за настанот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МВР повтрди: Лишен е од слобода вработен…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување…
Полициски службеници од Одделот за сузбивање на…
Јанев за бегството на Ива Михаилова: Работиме…
Директорот на БЈБ, Александар Јанев денеска на…
МВР поднесе кривична пријава за насилникот од…
СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.К.(31)…
Меѓународен успех на МВР: „Безбеден град“ ја…
Министерството за внатрешни работи со проектот „Безбеден…