Владимир Анчев е нов државен секретар во Министертвото за одбрана
Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска го назначи Владимир Анчев за државен секретар во Министерството за одбрана, соопштија од Министерството.
Оттаму информираат дека Анчев работи во Министерството за одбрана од октомври 2020 година како посебен советник, а од декември 2021 година активно придонесува во функционирањето на Министерството како државен советник.
Анчев, соопштија од МО, во својата кариера има работено на бројни менаџерски позиции во јавниот и во приватниот сектор. Во речиси дведеценискиот работен ангажман има стекнато искуство во доменот на меѓународната соработка и менаџментот на човечките ресурси – првенствено во рамки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” како соработник за меѓународна соработка, а потоа и во Генералниот секретаријат на Владата и Министерството за информатичко општество и администрација каде фокусот го става на развојот на софтвер за управување со човечки ресурси за 1.300 институции, како и воведување и одржување на стандарди за управување со квалитет.
Работната кариера ја продолжува во приватниот сектор како менаџер за човечки ресурси, каде го води процесот за воведување на оддел за човечки ресурси и подготовка на правилници за внатрешна организација, како и анализа на трудот и спроведување на функционална анализа.
Анчев имал организирано голем број обуки од областа на менаџментот со посебен фокус на човечките ресурси. Член е на Македонската асоцијација за човечки ресурси и Регионалната школа за јавна администрација и автор на поголем број истражувачки трудови посветени на развојот на системот за јавна администрација.
Дипломирал право на Правниот факултет „Јустинијан Први” на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”.
Претходниот секретар Драган Николиќ поднесе оставка на функцијата од лични и здравствени причини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Толку од офанзивата, Украина се спрема за…
Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…
Нема конкретна закана за напад врз Македонија,…
Во овој момент не постои конкретна закана…
Русија ги мотивираше: Скандинавските земји ќе ја…
Петте скандинавски земји соопштија дека сакаат да…
ЕУ се наоружува: Унијата одвои дополнителни 200…
Европската комисија денеска усвои план за зајакнување…
Петровска започна консултации за процесот на трансформација…
Министерката за одбрана Славјанка Петровска почна широки…