СЕ СПРОВЕДУВА НАРЕДБАТА НА ПУТИН: На Шојгу му наредил да започне извршувањето на указот за делумна мобилизација
Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу нареди да започне извршувањето на указот за делумна мобилизација.
– Ја потпишав директивата, дефинирани се задачи за сите субјекти, дадени се инструкции од Генералштабот за постапката за спроведување на мерките за мобилизација во трупи и сили. Давам инструкции да се почне со извршување, изјави денеска Шојгу на состанокот на колегиумот на Министерството за одбрана
Путин утрово најави делумна мобилизација. На веб-страницата на Кремљ веќе е објавена уредбата за одржување на мерките за мобилизација.
Според Путин, оние кои се во резерва на армијата, кои веќе служеле во редовите на вооружените сили на Русија и имаат соодветна воена специјалност, подлежат на регрутирање.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Полицијата уапси 16-годишник – возел „ауди“, а…
Малолетник возел „ауди“ без да има положено…
Прва средба Русија–Германија од 2022 година: Берлин…
По речиси четири години практично замрзнати односи,…
Европа размислува за „член 5“ на ЕУ…
Европските држави разгледуваат нов механизам за заеднички…
Петмина уапсени кај американска база во Британија…
Британските антитерористички служби отворија голема истрага откако…
СДСМ бара стопирање на Просторниот план поради…
СДСМ бара стопирање на Нацрт-просторниот план, обвинувајќи…