Голем број на Руси купиле билети и сакаат да ја напуштат земјата за да не се борат

t

Портпаролот на Кремљ одби да одговори на прашањата за можното затворање на границите на Русија за да се спречи бегството на мажи на возраст за војска, откако беше најавена делумна мобилизација за војната во Украина.

Билетите за летовите од Русија брзо се распродадоа откако претседателот Владимир Путин нареди итна мобилизација на 300.000 резервисти. Податоците на Google Trends покажуваат скок во пребарувањата за Aviasales, најпопуларната веб-страница во Русија за купување авионски билети.

Директните летови од Москва до Истанбул, Турција и Ереван, Ерменија, двете дестинации кои им дозволуваат на Русите да влезат без виза, се распродадени, според Aviasales.

Некои летови за поврзување, вклучувајќи ги и оние од Москва до Тбилиси, исто така се недостапни, додека најевтините летови од главниот град на Русија до Дубаи чинат повеќе од 300.000 рубли – повеќекратна вредност на просечната месечна плата.

Синоќа околу полноќ, одбранбениот аналитичар Конрад Музика споделил скриншот кој покажува дека денешниот лет на Туркиш ерлајнс од Москва до Истанбул чини 80.000 рубли. Утрото околу 8 часот и 45 минути, по говорот на Путин, летовите планирани за денеска биле распродадени, а на останатите цените вртоглаво пораснаа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…