ЕУ ќе воведе нови санкции за Русија поради органзирањето на референдуми за отцепување во неколку украински региони
Европската унија ќе воведе нови санкции, лични и секторски, против Русија, против раководството на земјата и организаторите на референдумот во областите Доњецк, Луганск Херсон и Запорожје во Украина, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на ЕУ, кое го пренесе во јавноста специјалниот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеф Борел.
Тој вети дека ќе ги „сносат одговорност“ Русија, нејзиното политичко раководство и сите оние кои се вклучени во организирањето на референдумот и „другите прекршувања на меѓународното право“ во Украина.
„Дополнителни рестриктивни мерки против Русија ќе бидат воведени што е можно поскоро во координација со нашите партнери“, додаде Борел.
Според него, министрите за надворешни работи на земјите од ЕУ не одлучиле кој точно ќе падне под санкциите, а сè уште не составиле список.
Во исто време, Борел вети дека ќе ја зголеми воената поддршка за Киев, како и дека ќе преземе „нови рестриктивни мерки – лични и секторски“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Како членките на ЕУ им помагаат на…
Податоците на Евростат велат дека во 2021…
(Видео) Осум дронови нападнаа станбени згради во…
Локалните власти соопштија дека осум беспилотни летала…
Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…
Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…
Македонската амбасада во Киев погодена во руски…
Македонската амбасада во Киев настрадала во руски…