Орбан бара укинување на санкциите за Русија до крајот на годинава
Унгарскиот премиер Виктор Орбан бара укинување на санкциите на ЕУ воведени против Русија поради нејзината војна против Украина, најдоцна до крајот на годината, пренесе ДПА.
Според провладиниот весник „Маѓар Немзет“, тој изјавил дека казнените мерки насочени кон Москва биле „наметнати на Европејците од бриселските бирократи“.
Во говор на состанок на пратеничката група на владејачката партија Фидес во одморалиштето Балатоналмади на езерото Балатон Орбан рече дека „санкциите предизвикуваат економски проблеми, енергетска криза и инфлација“.
ДПА потсетува дека Орбан одржува добри односи со рускиот претседател Владимир Путин. Досега тој ги поддржуваше санкциите на ЕУ кон Русија. Во исто време, тој можеше да преговара за ослободување на неговата земја од ембаргото за нафта
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европските разузнавачки служби предупредуваат: Русија би можела…
Европски разузнавачки раководители предупредуваат дека Русија би…
Русија нападна десет украински региони за една…
Во изминатите 24 часа руските сили нападнаа…
ОН: Речиси 900 силувања од руските војници…
Руските трупи извршиле речиси 900 ужасни чинови…
РУСКИ ДРОН УБИ СВЕШТЕНИК ВО УКРАИНСКИ МАНАСТИР…
Руски FPV-дрон удрил во манастир во селото…
Адмирал на НАТО: Силите на Алијансата се…
Силите на НАТО се подготвени за потенцијален…