Руски летопис од седмиот век: Ние Русите сме потомци на античките Македонци, го зборуваме нивниот јазик

t

Додека македонско-бугарската мешовита комисија за образовни и историски прашања работи на “пеглање” на ставовите в двете држави по однос на историските прашања, секојдневно сме сведоци на “испади” од бугарски политичари и јавни личности кои повикуваат на анектирање на Македонија и слично.

Професорката по македонски јазик и литература, Тања Нанкова, во една поодамнешна објава на Фејсбук потсетува на еден летопис од седмиот век напишан од Јерменија Русо.

Во него Русо посочува дека Русите се потомци на античките Македонци и браќа со Македонското царство на царот Самоил.

Во продолжение објавата на Нанкова на Фејсбук:

– Во Московската народна библиотека се чува Летопис од VII век чиј автор е Јеремија Русо. Во тој документарен научен труд, Јеремија го запишал следното: “… Ние, Русите и Московитите, сме потомци на древните антички Македонци! Ние, денес, го зборуваме јазикот на кој зборуваат античките Македонци на Македонскиот полуостров, кои освен со други земји, триста и седум години владееле и со Египет…” И не случајно, во Патријаршиската црква “Света Софија“ во Охрид, во 955. година од Охридскиот Архиепископ Тимотеј покрстена и крунисана била Руската кнегиња Олга, а во 987. година од Охридскиот Патријарх Николај покрстен бил нејзиниот внук Рускиот кнез Владимир, кој за да го зацврсти братството со Македонското Царство на Цар Самуил се оженил со неговата внука Македонката Марија од Охрид со која ги имале децата Борис и Глеб, првите Руски светители, патрони на Руската Армија! Руската кнегиња Олга е првата покрстена христијанка во Русија, како што е Лидија Македонката од Филипи првата покрстена христијанка во Европа, во Македонија! А, рускиот кнез Владимир го воведе христијанството како државна религија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

Повеќе од 1.500 луѓе се евакуирани од…

„Вашингтон пост“: Русија демонстрира воена и економска…

И покрај очекувањата на Западот, Русија успеа…

Макрон го покани Путин на „Денот Д“…

Претседателот на Франција, Емануел Макрон го покани…

Русија останува отворена за дијалог со Западот

Русија останува отворена за дијалог за безбедност…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…

13% од македонските граѓани сметаат дека Украина…