Кога нема кој во Македонија, Груевски предлага измена на закон: Да се зголеми гаранцијата за штедните влогови!
Поранешниот премиер Никола Груевски преку објава на социјалната мрежа Фејсбук предлага измена на законот и зголемување на гаранцијата на штедните депозити во банките до 100.000 евра.
Како што објаснува Груевски, веќе 15 години износот кој е гарантиран и изнесува 30.000 евра не е променет, а според поранешниот премиер условите за зголемување се веќе созреани.
Во продолжение неговата објава на Фејсбук:
– Гаранцијата на штедните депозити во банките да се зголеми на 100.000 евра за секој граѓанин
Во Македонија веќе 15 години не е покачен износот на штедни влогови во банките за кои граѓаните имаат гаранција дека ако некоја банка пропадне, штедачите ќе бидат обештетени.
Како министер за финасии пред околу 21-22 години, некаде во 2000 или2001 година предложив и воведовме закон за ова, по кој веднаш се формираше и агенција за обезбедување на штедните депозити на граѓаните, чии резерви се градат и доаѓаат од одвојувања на многу мали процентни износи кои по закон ги плаќаат банките во овој гарантен фонд секој месец.
Претходно, пред 2000 година, не постоеше ваква регулатива и немаше било каква гаранција за штедачите, па бевме сведоци на бројни трагедии со самоубиства и други уништувања и лични катастрофи, кога пропаднаа некои штедилници и банки.
Со тој закон се предвиде секој штеден влог вложен во секоја банка до 10 илјади евра во секоја банка да биде гарантиран во случај на затворање односно пропаѓање на некоја од банките. Па така ако некој ставеше во 15 банки по 10 илјади евра, можеше да има 150.000 евра кои би му биле гарантирани во случај некоја банка да пропадне.
Кога 6 години подоцна станав премиер, некаде во 2007 година овој износ исто така на мој предлог го зголемивме од 10 на 30 илјади евра.
И од тогаш цели 15 години нема никаква промена и зголемување. Време е!
Мислам дека се созреани условите секој влог на граѓаните во некоја од банките до износ од 100 илјади евра да биде гарантиран од Агенцијата за осигурување на депозити. Народната банка постојано ја зајакнува супервизијата и контролата на банкарскиот систем, но банки повремено од едни или други причини, за време на кризи или вон нив, пропаѓале и пак ќе пропаѓаат насекаде низ светот па повремено и во Македонија.
Сега кога веќе годишно има инфлација по 10-15 осто, а со тоа и намалена вредност на парите, зацврстена и стабилна Агенција за обезбедување на штедните депозити, 15 години подоцна, износот од 100 илјади евра е веќе соодветен.
Граѓаните на Македонија заслужуваат поголема сигурност и безбедност на нивните тешко заработени заштеди! – пишува Груевски.
Дека предлогот на Груевски е можеби оправдан доказ се и последните случувања со пропаѓањето на “Еуростандард банка” каде штедачите кои имаат штедни влогови поголеми од 30.000 евра останаа без нивните заштедени пари.
ЛИНК од објавата на Груевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!
Во објава на својата официјална страна на…
Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…
КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…
Османи вели дека во ВМРО-ДПМНЕ има страв…
За тврдењата на албанската опозиција дека во…
Груевски открива дека Заев има бизниси во…
Иако во минатото во повеќе наврати кажав…
Каков “шамар”: Тајвански “Јагео” не доаѓа во…
Премиерот Димитар Ковачевски се испофали со доаѓањето…