Петровска: Најголема придобивка од НАТО е што граѓаните се чувствуваат безбедно – Секоја педа од нашата земја е под заштита
Најголемата придобивка од членството на Македонија во НАТО е сигурноста и безбедноста што нашите граѓани денеска ја чувствуваат, знаејќи дека се дел од едно големо семејство кое се грижи за заедничката, колективната безбедност, истакна министерката за одбрана Славјанка Петровска во Охрид на предавањето на Школата за политики, која е дел од Претседателскиот центар за политичко образование.
Според Петровска секоја една педа од нашата земја е под заштита на колективната одбрана и тоа носи просперитетна иднина.
– Секоја педа од нашата земја е под заштита на колективната одбрана и тоа носи сигурна и просперитетна иднина, рече министерката и потенцираше дека тоа е резултат на храбри и тешки, но исправни одлуки. Оваа година ја покажа суровата реалност дека војната на европско тло не е минато и дека мирот не е загарантиран. Затоа, развојот на одбранбените капацитети е неопходност, а градењето на отпорност мора да биде наш приоритет во континуитет, нагласи Петровска.
Министерката за одбрана во однос на хибридните и сајбер заканите посочи дека тие се сè посериозна закана за сите развиени општества, а ги спомена и зголемениот број сајбер напади врз државните институции, невладините организации и централните банки.
– Дезинформациите имаат потенцијал да ја поткопаат општествената кохезија и да создадат поделби и ослабување на земјите однатре и затоа потребно е да работиме на развој и имплементација на политички и неполитички алатки со кои ќе се спротивставиме на овие штетни појави, заклучи Петровска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
Трамп ќе присуствува на самитот на НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на…
Блумберг: НАТО бара од европските членки да…
НАТО бара од европските членки петкратно да…
НАТО бара од Германија да обезбеди околу…
НАТО ќе побара од Германија да обезбеди…
Османи: Време е НАТО да ги отвори…
Косовската претседателка Вјоса Османи, во своето обраќање…