БОМБА: “Огнена група” на ДУИ бара Ахмети да се погрижи за дилетантското однесување на Груби – Се формира ли фракција во ДУИ?!

t

Т.н “Огнена група”, во која членуваат поранешни и сегашни истакнати членови на ДУИ, испрати писмо до ТВ 21 поради, како што велат, дилетантското однесување на извршната власт на чело со Артан Груби, кое предизвикува незадоволство кај гласачите на партијата.

Како што пренесува ТВ 21 во писмото се потпишани долгогодишни членови на ДУИ од таканаречената огнена група во која се поранешни министри, сегашни пратеници, градоначалници меѓу кои и Изет Меџити (пратеник и потпретседател на ДУИ), Блерим Беџети (градоначалник на Сарај), Висар Ганиу ( градоначалник на Чаир), Мерита Коџаџику (пратеничката), Невзат Бејта (поранешен министер и градоначалник на Гостивар), Муса Џафери (поранешен вицепремиер).


Во писмото се вели дека имајќи ја предвид создадената организациона состојба внатре во ДУИ во период од две години должни за да го кренат гласот и да реагираат за тоа што го создавале со душа односно Демократската унија за интеграција да ја вратат на позицијата како што се развиваше цели 18 години.

Демократската унија за интеграција не е само политичка партија туку ДУИ е вредност која 18 години ги чуваше и унапредуваше правата на Албанците, отворено семејство со внатрешни консултации без индивидуални привилегии со статусни тела и со континуиран раст на електоратот како такво не мора да го вратиме таму каде што му е местото.

Во писмото тие бараат:
– Политичка дебата внатре во партијата за надминување на оваа состојба
– Одговорност и отчет од носителите на извршната власт
– Апелираат да се прекине внатрешната политичка војна во партијата
– Ги повикуваат членството и партиските структури да се ангажираат за избегнување и надминување на овие појави и
– Бараат од претседателот на ДУИ, Али Ахмети да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското.

Извор: TV 21

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Груби: Гласовите на ДУИ во вториот круг…

Артан Груби во интервју на ТВ Сител…

ДУИ: Мицкоски никако да се опамети

ВМРО-ДПМНЕ не се промени и не сака…

ДУИ: Меџити и неговиот ортак Муминовиќ се…

Залутаната и изгубена опозиција, во служба на…

Лукаревска очекува дека ДУИ ќе го поддржи…

Заменик претседателката на СДСМ во интервју за…